По повот одбележување на светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21- ви март, дел од ченовите на Лајонс клуб Охрид го посетија дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци”.
Како што потенцираат од клубот, нивна цел е во рамки на своите можности да го подобрат квалитетот на живот, да овозможат поголема социјалицизација и еднаквост на овие лица и да ја подигнат свесста на општеството за потенцијалот кој го имаат луѓето со Даунов синдром.
Додаваат дека и во иднина ЛК Охрид ќе продолжи да обезбедува поддшка и помош за ранливите групи на граѓани во Охрид.
OhridNews