Пред почетокот на зимата и ниските температури, членовите на ЛК Лихнидос обезбедија топла облека и обувки за две фамилии од Охрид, кои вкупно имаат 18 малолетни деца. Имено, двајцата браќа Демо имаат по 9 дечиња на возраст од 2 до 13 години.
„Не можеме да го спасиме светот, но можеме барем малку да им подадеме рака на оние околу нас, на кои најмногу им треба помош”, потенцираат од ЛК Лихнидос.
За таа цел беа набавени вкупно 30 зимски чизми, неколку пара патики, 100 пара термо чорапи и топли јакни.
OhridNews













