Членовите на студиото за танц „Соната“ од Охрид и оваа година меѓу најуспешните на Меѓународниот танцов натпревар што се одржа во Скопје.
Охриѓанката Олгица Симеонова е вицешампион во категоријата хип хоп соло јуниор, Јетон Мусли трет во хип хоп соло адулт, а заедно во категоријата хип хип дуо адулт го освоија третото место.
Студиото „ Соната“, кое постои веќе 6 години, неодамна запона со работа во нови простории во зградата на Ремис кај старата автобуска станица. Меѓу досега најуспешните реализирани претстави на „ Соната“се вбројуваат балетската претстава “Снежна и седумте џуџиња“, претставата “Прозбори- дрогата убива“ која претставува мешавина на хип хоп, модерен балет и реге, како и проектот “Како ми го уништија детството“.