Лајoнс клубот Лихнидос, во соработка со Аптеката ФЛОС и нејзините деловни партнери, организираа уште една заедничка акција, овој пат посветена на Здружението на слепи лица од Охрид.

Во просториите на аптеката на 30 членови од Здружението им беше овозможен бесплатен лекарски преглед по методата на магнетна квантна анализа, чија основна цел е одредување на витаминскиот и минералниот статус на организмот.

Претседателот на Здружението на слепи лица Славчо Џајковски изрази благодарност и задоволство од соработката со ЛК Лихнидос, а претседателот на клубот Људмил Цветаноски ја потенцираше посветеноста на „лавовите“ кон оваа специфична ранлива категорија граѓани.

„На меѓународно ниво членовите на лајонистичкото движење се познати како „Витези на Слепите“. Не можеме да го спасиме светот, но малку по малку можеме да помагаме, особено на оние лица на кои им е неопходна ваквата и слична помош.“ – истакна Цветаноски.

OhridNews