Охридскиот кошаркарски клуб го претрпе вториот пораз во Втората АБА лига, откако изгуби од екипата на Ловќен со 94-72 во втората рунда од првенството.

Домаќините во своја корист ги решија сите четвртини и заслужено славеа против „галебите“ кои имаа и светли точки во поразот.

– Ние во глобала сме млада екипа, а и клубот исто така и затоа од меч во меч во Втората АБА лига ќе растиме. Во текот на натпреварот имавме проблем да го одбраниме рекетот каде доминираше Албијаниќ, потоа не стигна заморот и личните грешки и домашните кошаркари заслужено победија. Имаше период во кој добро игравме и функционираше се и токму таквиот пристап треба да ни биде репер како понатаму. – изјави Петар Чочороски.

АВ Охрид в сабота со почеток во 18 часот во Кавадарци против Фени Индустри продолжува со мечевите и возбудувањата во Првата лига.

OhridNews