Човечки коски од муслиманските гробишта во Струга завршија на „буниште“ !
22.08.07 13:56
Голем број човечки коски од муслиманските гробишта во Струга, откопани при повторниот обид за отпочнување на изградбата на џамија завршиле на буниште, соопшти Министерството за внатрешни работи кое открило најмалку две локации надвор од градот каде „изведувачот“ се ослободил од коските.
Според МВР, активностите на струшкото муфтиство кое стои позади изградбата на спорната џамија се незаконски.
Струшката јавност е вознемирена од начинот на кој муфтисвото се ослободило од човечките коски кои биле откопани од гробиштата во центарот на градот.
Градоначалникот Рамиз Мерко изразувајќи згрозеност од целиот случај повтори дека струшкото муфтиство нема градежна дозвола за изградба на џамија на локацијата кај муслиманските гробишта и дека ниту со деталниот ниту со генералниот урбанистички план на тој простор не е предвидена изградба на верски објект.
Од струшкото муфтиство одбиваат да дадат било каква изјава за случајот.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека изврши корекција на доставената предлог одлука за финалната цена од стр...
Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи на 30-ти декември со почеток 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски...
Вечерва во 19 часот во хДрим-Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга На програмата се композиции од Дворжа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.