Јане Петков од Сандански, Бугарија, познат уште и како човек „амфибија“, денеска, ќе се обиде да преплива 3 километри во Охридкото Езеро врзан во вреќа и без никакви помагала. Доколку Петков успее во својата намера, тоа ќе биде своевиден подвиг, бидејќи на овој 59-годишник медицински му е дијагностицирана длабока анемија.
-Ваков обид за прв пат официјално ќе биде изведен тука во Охрид. Иако медицината смета дека е невозможно ваков подвиг да се направи со толку ниско ниво на хемоглобин во крвта, како во мојот случај, го мислам спротивното. Крајно време е современата медицина да обрне повеќе внимание на науката за дишењето, храната и мислата.-изјави Петков.
Тој утрово ќе тргне од плажата кај поранешниот хотел Парк и за околу три часа треба да пристигне на целта која ќеде одредена во зависност од временските услови. Доколку успее во намерата неговиот подвиг ќе биде номиниран за Гинисов рекорд. Авантуристот од Бугарија ќе биде следен од медицинска екипа, како и од претставници на Црвен крст и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови, кои заедно со општина Охрид, се поддржувачи на овој необичен настан.
Г.М.