Јане Петков од Сандански, Бугарија, познат уште и како човек „амфибија“, претпладнево, во 10 часот го почна својот невообичаен подвиг од плажата во Горица, каде влезе во водите на езерото со цел да преплива три километри , врзан во вреќа и без помагала.

Петков е предвидено да пристигне на целта, за околу три часа, а него го следат медицинска екипа, и претставници на Црвен крст и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови .

Доколку Петков успее во својата намера, тоа ќе биде своевиден подвиг, кој ќе биде номиниран за Гинисов рекорд, со оглед на тоа што на овој 59-годишник медицински му е дијагностицирана длабока анемија.

Настанот е поддржан од општинскиот Црвен крст, Клубот за спортови на вода „Охридски бранови,и општина Охрид.

OhridNews