Рон Вејн е еден од милионите луѓе кои ја пропуштиле својата можност да заработат голема сума на пари. Единствената разлика меѓу него и останатите е што неговата погрешна одлука го чинеа $14 милијарди долари.

Овој човек е еден од основачите на гигантот Епл, кој за разлика од Стив Џобс кој беше еден од најбогатите луѓе на планетата, живее во подвижен дом во Лас Вегас.

Рон Вејн ја направил најголемата грешка во неговиот живот кога во 1976-та година го продал својот дел од компанијата за $700 долари, бидејќи сакал да се фокусира на бизнисот со автомати за казината.

Тој изјавил дека не се кае за неговата одлука, бидејќи живеел исполнет живот и имал се што можел да посака.

OhridNews