Капитенот на „црвените“, Стивен Џерард по јубилејен 700-ти пат го носеше дресот на Ливерпул на мечот со Болтон во ФА купот.


Фудбалерите со трогателна пресврт победа 2-1 му честитаа на Стиви џи, кој е жива легенда на клубот од Енфилд.

– Неговиот пат во Ливерпул е неверојатен и сите треба да ги следиме неговите чекори. Тоа што постигна тој е сјајно и до крајот на сезоната ќе продолжиме да му се дивиме на неговите способности. – рече менаџерот Брендан Роџерс.


Џерард е третиот играч во црвениот дрес со 700-то или повеќе настапи. Првите две позиции ги држат Џејм Карагер (737) и Јан Калаган (857).


На Енфилд екс англискиот репрезентативец дебитираше во 1998 година на мечот во Премиер лигата против Блекбурн, а од тогаш останатото е историја….

Мх.П.