Клубот од Местаља ги изненади сите со донесувањето на одлуката поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил да биде тренер на екипата.


Англичанецот на кормилото на Валенсија ќе го замени Салвадор Гонзалес Њуно кој немаше забележителни резултати последните мечеви.

Одлуката е изненадувачка и чудна бидејќи Невил до сега не водел ниту еден клуб, а единствено што работел менаџерски е помошник на селекторот во Англија, Рој Хоџсон.

Тој по завршување на богатата играчка кариера се префрли на телевизските екрани на Скај Спорт каде ги анализираат мечевите од Премиер лигата заедно со Џејми Карагер.

Прв асистент на Гери Невил ќе биде неговиот брат Фил, кој работеше заедно со Њуно.

Ohridnews