Екипата на Барселона на Ноу Камп го престави Јери Мина кој е второ засилување за клубот во зимскиот преоден рок. Колумбиецот на каталонците им се придружи од Палмеирас, а целокупниот трансфер изнесува 12 милиони евра.
Во очи на сите присутни на презентацијата на Јери Мина им падна ритуалот кој го има колумбискиот фудбалер. Тој ги соблече копачките и чорапите и бос ги направи првите чекори на теренот.
23-годишниот фудбалер игра на позицијата стопер, а прво засилување за Барселона во зимскиот преоден рок беше Кутињо кој за 160 милиони евра се пресели помеѓу Меси и дружината.
OhridNews