Најтрофејниот клуб во Англија, Манчестер Јунајтед со 3-2 го совлада Арсенал на Олд Трафорд во дербито од 27-та рунда во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ трите бодови против големиот ривал ги освоија на крилата од младиот Маркус Рашфорд кој реализираше два погодоци и асистираше до Андре Ерера.
Тинејџерот кој импресионираше со настапот за Манчестер во Лигата на Европа постигна два брзи погодоци во 29-та и 32-та минута.
„Топчиите“ по само осум минути се вратија во игра откако Дени Велбек го намали резултатот на 2-1.
Шпанецот Андер Ерера на додавање од Рашфорд со помош од капитенот Кошчиелни по трет пат ја затресе мрежата на Петер Чех.
Арсенал по третиот погодок притисна, но успеа само да ублажи поразот по погодокот на Месут Озил.
После овој пораз „топчиите“ заостанаа пет бодови од лидерот на табелата Лестер и три од второпласираниот Тотенхем.
Резултати: Мен Ју – Арсенал 3-2, Тотенхем – Свонси 2-1.
Табела: Лестер 56, Тотенхем 54, Арсенал 51, Мен Сити 47 (-1), Мен Ју 44, Вест Хем 43…
OhridNews












