Тинејџерската сензација од Премиер лигата, Маркус Рашфорд своите одлични настапи ги продолжи и во дресот на Англија постигнувајќи еден погодок во победа 2-1 над Австралија.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед во третата минута од мечот ја погоди мрежата на „кенгурите“ и го отвори резултатот.
Неговиот клупски соиграч Вејн Руни во 55-та минута зголеми на 2-0, а Ерик Дајер со автогол во финишот од мечот ги постави конечните 2-1.
Резултати: Словачка – Грузија 3-1, Чешка – Малта 6-0, Хрватска – Молдавија 1-0, Англија – Австралија 2-1, Република Ирска – Холандија 1-1, Северна Ирска – Белорусија 3-0.
OhridNews