Пријатното изненадување во Бундес лигата, Лајпциг не запира, откако фудбалерите го освоија целиот плен на гостувањето во Фрајбург со убедлива победа (4-1).


Повеќе од половина час игра им беше потребно на гостинските фудбалери да го „скршат“ домаќинот и да го решат победникот. Во вториот дел со уште еден погодок гостите ја заверија деветтата победа сезонава.

Со четвртиот триумф на гостински терен лидерот на табелата се одлепи шест бодови од Баерн Минхен кој допрва ќе го одигра мечот со Баер Леверкузен од 12-та рунда.

OhridNews