Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер е вториот учесник во финалето на Австралија Опен. Тој во големото финале в недела за трофејот ќе се бори со Хрватот, Марин Чилиќ.

Искусниот тенисер во полуфиналето се сретне со Хјеон Чунг кој поради повреда на стапалото се повлече од теренот во текот на вториот сет.

Чунг беше едно од најпријатните изненадувања на Австралија Опен елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ во 1/8 финалето, но повредата на стапалото го спречи да го покаже најдобро од себе на дуелот со Федерер.

Швајцарецот в недела ќе го одигра 30-то финале на грем слем турнирите, а ќе атакува на 20-та титула.

OhridNews