Стружанецот Ристо Чуркоски е македонски преставник на Олимпијадата за ветерани што ќе се одржи во Торино, Италија. На олимписките игри ќе настапат рекордни 50 000 спортисти, а ќе се натпреваруваат во 30 различни спортови.

– Ова за мене е прв настап и на некој ветеран спортист во Македонија. Според моите сознанија досега никој не ја преставувал земјата на Олимписките игри за ветерани. Затоа апелирам до сите спортисти дека годините не треба да се пречка за занимавање со спорт – рече Чуркоски.

Тој на Олимписките игри пријавено има настап во две категории едносед на двесте и илјада метри и маратон од четиринаесет километри.

– Се имам пријавено за настап во две категории, но со оглед на недостиг на средства може прерано да ја завршам Олимпијадата. Ќе учествувам само во една категорија која е на стартот од Олимпијадата додека другата е на крајот, а јас немам толку средства да престојувам во Италија – посочи Чурковски.

Според резултатите забележани изманатиов период Чурковски има големи апетити за висок пласман на Олимписките игри за ветерани во Торино.

– Со оглед на моите резултати во претходните години очекувам висок пласман, па дури и борба за медал во некоја од дисциплините, како на пример во К-1 200 метри, каде што минатата година на светското првенство го освоив седмото место, а бев четврт на две илјади метри. Пред четири години бев втор на Европското првенство на двесте метри и трет на петстотини метри – заврши стружанецот.

Мх.П.