Интегрирање што повеќе чинители во општеството и изнаоѓање на институционален начин за справување со предизвиците кои ги носат климатските промени, справување со заканите, но и зголемување на свесноста, прифакањето и адаптирање кон истите е целта на глобалниот настан Climathon кој за првпат се одржа во Охрид.

Напоменуваат дека важно е и усогласувањето на националното законодавство за животна средина и клима со Европското и анализи на неговото спроведување на национално и локално ниво, а со тоа да биде активен партнер во предпристапните преговори за влез во ЕУ во однос на Поглавјето 27, ЖИВОТНА СРЕДИНА и КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ.
Да се зголемат инвестициите од националниот буџет и да се изнајдат повеќе модели на финансирањето на климата кое се однесува на локално, национално или меѓународно финансирање – извлечено од јавни, приватни и алтернативни извори на финансирање – што има за цел да ги поддржи акциите за ублажување и прилагодување што ќе се однесуваат на климатските промени за што и Конвенцијата, протоколот од Кјото и Договорот од Париз повикуваат на финансиска помош од страните со повеќе финансиски ресурси за оние кои се не се толку богати и се ранливи. Да се отвори меѓудржавен дијалог, како да се намалат ризиците и заканите од климатските промени во регионот, особено во околните држави, се дел од заклучоците.
Потрбно е и вклучување/интегрирање на заштитата на животната средина во другите политики (земјоделство, транспорт, енергетика, индустриска политика).
Ставање на акцент кон носечките гранки во регионот и тоа: одржлив туризам и одржливо земјоделие, каде што на Охридско-Преспански регион ќе се гледа како една целина заедно со околните држави Албанија и Грција дел од Европската иднина. Национална платформа која ќе ги обедини законодавните регулативи, локалните, националните, регионалните и европски партнери и држави Достапност на знаење за поединци, мали фармери, туристички капацитети, и градење на нивните капацитети преку техничко и финансиско зајакнување. Соработка помеѓу индустријата и образованието, се посочува.
Меѓу донесените заклучоци е и отворање на дијалог во поглавието 27 за предпристапност чија што основна цел е заштитата на животната средина во ЕУ: заштита и зачувување на здравјето и благосостојбата на луѓето; заштита на квалитетот на еко системот; зачувување на биолошката рамнотежа и еколошката стабилност на природата; заштита на природата (растителните и животинските видови кои живеат во неа) за сегашните и идните генерации и рационално и соодветно користење на природните ресурси.
OhridNews










