Познатиот охридски бар „Connect“, одбележува 10 години успешна работа.
Имавме многу среќни и незаборавни моменти во годините наназад, а сега е време да го прославиме роденденот заедно. Тимот на „Connect Bar“ ве поканува на 30.04. во 21 часот, заедно да го одбележиме овој настан, кој за нас е од огромно значење. Ние сме задолжени за забавата, а ваше е само да понесете насмевки на вашите лица и добро расположение. – порачуваат од „Connect Bar“.
За јубилејниот роденден во „Connect Bar“ ќе настапат „DUO DIS + Bend“, познати охридски музичари, а за посетителите ќе има 10% попуст на целиот асортиман од брендовите на Прилепска пиварница, Далвина вино, Пелистерка, Бар кафе 2000 и други.
Ви ветуваме дека ќе бидиме со Вас како и досега уште многу години, секоја година се подобри и поуспешни, вели роденденски расположениот тим на „Connect Bar“ пред славеничката забава што ќе се одржи на 30 април.
OhridNews