Counter-Strike тимот ENTiTY по освојувањето на националните квалификации за светското првенство во Јужна Кореја што ќе се одржи на крајот на годината, триумфираше и на силниот турнир во Трикала Грција. Охриѓани ги покорија сите екипи од Балканот, со што екипата слободно може да се нарече Балкански првак.


Ова е првиот од низа турнири на кои ENTiTY учествува во рамки на подготовките за светското првенство. На турнирот се натпреваруваа најдобрите екипи од Бугарија, Турција, Грција  и Израел, кои беа совладани од Counter-Strike тимот ENTiTY од Охрид.

OhridNews