Црниот лебед, деновиве, повторно може да се забележи во водите на Охридското езеро.

Црниот лебед во 2016 беше подарок на лајанс клубот „Лихнидос“ и зоолошката градина од Белград. Белградската Зоолошка градина подари два црни лебеди кои мораше да поминат триесетдневен карантин под надзор на овластен ветеринарен инспектор, но само еден од нив, женката Лилит, успеа да се адаптира на новата средина. И покрај тоа, извесно време по пуштањето во водите на Охридското езеро, женката Лилит исчезна. Годинава, ден по Водици, црниот лебед повторно може да се забележи во езерото.

Оваа убава птица во седумдесеттите години од минатиот век ја имало во езерото, но поради човечка негрижа подоцна исчезнала.

OhridNews