Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала со почитување и примена на соодветните протоколи за заштита од Ковид-19. – информира организацијата.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на е-маил: [email protected] или на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, каде треба да ги остават следните податоци (Име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон/е-маил со назнака за Оглас за негователи). Огласот за пријавување на кандидати за обука неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е отворен од 26.03 до 01.04.2021. – информира Црвен крст Охрид.
Црвен крст Охрид е верификувана организација за спроведување на обуки за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука.
OhridNews












