Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјаер го препороди Манчестер Јунајтед и со три победи ја финишираше 2018 година година. После победите над Кардиф 5-1 и Хадерсфилс на ред дојде Бурнмаут кој од Олд Трафорди си замина со четири парчиња во мрежата.

Триумфот на „црвените ѓаволи“ го најави Пол Погба. Французинот резултатот го отвори во 5-та минута по маестралниот дриблинг и асистенција на Маркус Рашфорд. Половина час подоцна Погба го дуплираше водството со погодокот со глава после нафрлувањето на Ешли Јанг. Офанзивецот Маркус Рашфорд во 45-та минута зголеми на 3-0, а маестралното прво полувреме на домаќините го расипа Аке кој намали 3-1 во судиското надополнување. Точка на победата стави Ромелу Лукаку кој влезе во игра од клупата. Белгиецот четвртиот гол за домаќините го постави во 72-та минута.

Трите победи во серија не им донесе напредок на табелата на „црвените ѓаволи“, но со играта ги вратија насмевките на Олд Трафорд и надежта за нешто подобри резултати сезониве кои доаѓаат.

Резултати: Кристал Палас – Челси 0-1, Барнли – Вест Хем 2-0, Саутемптон – Мен Сити 1-3, Мен Ју – Бурнмаут 4-1.

OhridNews