Фудбалерите на Ливерпул го освоија целиот плен на „Селхурт Парк“ победувајќи го Кристал Палас со 2-0 во последниот меч од 2-та рунда во англиската Премиер лига.
„Црвените“ до втората победа сезонава стигнаа со головите на Џејмс Милнер и Садио Мане во последната минута од првото односно второто полувреме. Милнер погоди од пенал во 45-та, а Мане за конечен триумф во 90-та минута.
Покрај Ливерпул „два од два“ имаат Бурнмаут, Ватфорд, Тотенхем, Челси и Манчестер Сити што наговестува жестока битка за високите позиции и титулата во Премиер лигата.
OhridNews