Во два различни правци замина атмосферата во македонската и грузиската селекција после вчерашниот бараж натпревар кој и припадна на нашата репрезентација со минимални 1-0.

Репрезентативците се уште го слават пласманот на Европското првенство и сигурно ќе потрае, затоа што е прво во македонската фудбалска историја. Инаку, славјето почна вчера на теренот на „Динамо Арената“, продолжи во прес салата, потоа во авионот со кој фудбалерите се враќаа назад во Македонија.

Атмосферата во грузиската селекција и јавност е далеку од идеална. Селекторот Вајс најави оставка, додека група револтирани навивачи имаа блиска средба со претставниците во грузиската фудбалска федерација. Страстите зоврија до тепачка.

Македонската фудбалска селекција синоќа победи со 1-0. Стрелец на погодокот вреден победа и пласман на ЕП беше Горан Пандев.

OhridNews