Кошаркарите на ЦСКА Москва ја освоија титулата во Евролигата, откако триумфираа на завршниот турнир, кој викендов се одржа во шпанскиот град Виторија.

„Армејците“, во финалниот натпревар го совладаа тимот на Анадолу Ефес со 91-83 (29-20, 15-22, 24-20, 23-21) кој беше најпријатно изненадување на фајнл-фор турнирот а и општо во регуларниот дел од сезоната во Евролигата.

Со титулата од завршниот турнир во Виторија, рускиот кошаркарски гигант стигна до осмиот трофеј во клупската историја, додека за Анадолу Ефес ова беше прво финале од воведувањето на новиот систем на натпреварување во Евролигата.

Во малото финале Реал Мадрид славеше со убедливи 94-75 против Фенербахче и го освои бронзениот медал.

OhridNews