Центарот за управување со кризи вечерва информираше за состојбата со пожарите во земјава, кои ги има во шест општини, меѓу кои и Охрид, каде од попладнево активен е шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино.

Пожарот е се’ уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен. – информира ЦУК.

Пожарот кај с.Фурка, Струмичко, нема активно горење, и е локализиран во 19.00ч.

Останати се екипи на ДЗС, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува. – информира ЦУК.

Во струмичко гори депонијата кај с. Доброшинци. Пожари има и во кумановско и кичевско.

Г.М.