Во насока на прилагодување на достапноста на услугите во летниот период почнувајќи од денес, 10 јули па се до 31 август микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 6:30 ч. до 15:00 часот, информираат од Центарот за јавно здравје.

Секоја сабота, од 8-12 часот вработените во микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид ќе бидат на располагање за потребите на пациентите за микробиолошки анализи на хуман материјал. Со посебен пристап, бројни интересни содржини и изненадувања се грижиме и за нашите најмлади пациенти, дечињата, да се чувствуваат пријатно и заборават на стравот при вршењето на медицинските третмани во нашата установа, велат од Центарот.

OhridNews