Од 20-ти мај 2016 година, Czech Airlines (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно. Продажбата на билетите е почната преку сите канали на продажба од декември 2015 година. Билет во еден правец чини од 85 евра, додека пак цената за повратен билет изнесува 159 евра вклучувајќи ги сите такси.
Czech Airlines ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 часот по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага ќе биде во 06:00 часот по локално време. Од 13-ти јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време. Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од 14-ти јуни 2016 и од вторник, навечер од 22:25 часот по локално време, со пристигнување во Скопје ќе биде во 00:25 часот.
Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас А319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка.
Првиот лет од Скопје до Прага на Czech Airlines бил реализиран на 17-ти мај 2005 година. Операциите на оваа линија биле прекинати на 17-ти март 2012 годдина поради преструктуирање на компанијата.
Инаку според статистиката, ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со 22% зголемување на вкупниот број на патници на двата македонски аеродроми – ,,Александар Велики’’ во Скопје и ,,Свети Апостол Павле’’ во Охрид, притоа достигнувајќи вкупно 1.560.381 патници. Во исто време, вкупниот број на воздухопловни операции изнесува 15.510, што е зголемување од 11%.
OhridNews