Реномираната француска пијанистка со богато музичко минато, Софија Вајан вчера беше вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“ одржувајќи концерт во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот.


Отворајќи ја Француската вечер, советникот за култура и соработка при Француската амбасада и директор на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел рече дека низ годините, во текот на летото, оваа вечер стана препознатлив симбол на француското културно присуство во земјава.
Веќе 16 години наназад, за време на француските вечери, пред фестивалската публика настапија многу млади, но и потврдени имиња на француската музика. За Амбасадата на Франција и за Францускиот институт во Скопје којшто годинава слави 50 години постоење, претставува вистинска чест одново да бидат дел од еден прекрасен настан. Оттука изразувам силна желба за продолжување на нашата заемна долгогодишна соработка и во иднина, рече Бештел.
Почетоците на француската вечер на „Охридско лето“ беа во 2008 година, за време на тогашното претседателство на Франција со Европската унија, а годинава таа се одржува по 17 пат.
OhridNews












