Целосно расчистена дивата депонија во с. Грко Поле по спроведената акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад.

Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот план за чистење на сите диви депонии низ општината, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Силјаноски.

Како локална самоуправа инвестираме во почиста и уредна животна средина, но успехот е можен само ако сите заедно бидеме внимателни. Апелираме до граѓаните да внимаваат каде го фрлаат отпадот и шутот, да пријават несовесно однесување и да ја заштитат природата што ни е доверена, посочува Силјаноски.

Целта е, вели, Дебрца да стане препознатлива како примерна, еколошки свесна општина, каде што грижата за околината е заедничка вредност.

Активностите продолжуваат и на другите критични точки. Чекор по чекор да ја вратиме вистинската убавина на нашата општина, потенцира Силјаноски.

OhridNews