Централниот регистар донесе Решение со кое се одвива барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид.
Од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во Известувањето , во согласност со Законот за здруженија и фондации, соопшти денеска Централниот регистар.
За донесената одлука Централниот регистар ќе го извести и Министерството за правда, за негово понатамошно постапување, стои во соопштението.
Согласно закон, здружението со контроверзно име со седиште во центарот на Охрид требаше да изврши промена на името и да го усогласи работењето според прописите, што во дадениот рок, кој истече денеска, не било направено
Г.М.