Под слоганот „Едно езеро-безброј приказни“ во Струга ќе биде одбележан 21 јуни, Денот на Охридското Езеро.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата уметничка програма, изложбени содржини, ракотворби и активности кои ја промовираат природната убавина, културата и значењето на Охридското Езеро, посочуваат од Општина Струга.
Додаваат дека Општина Струга, Европската куќа во Струга и хотел Дрим, во соработка со Општина Охрид и Општина Поградец, обединуваат институции, организации, млади и граѓани од трите градови кои го делат и заеднички го чуваат езерото.
Да го прославиме заедно езерото кое нè поврзува, нè инспирира и нè обврзува да го чуваме за идните генерации, потенцираат од Општинa Струга.
OhridNews












