Под слоганот „Едно езеро-безброј приказни“ во Струга ќе биде одбележан 21 јуни, Денот на Охридското Езеро.

Програмата започнува во 09:00 часот и опфаќа повеќе активности на различни локации, додека централната свеченост ќе се одржи на Машка плажа во Струга со почеток во 11 часот.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата уметничка програма, изложбени содржини, ракотворби и активности кои ја промовираат природната убавина, културата и значењето на Охридското Езеро, посочуваат од Општина Струга.

Додаваат дека Општина Струга, Европската куќа во Струга и хотел Дрим, во соработка со Општина Охрид и Општина Поградец, обединуваат институции, организации, млади и граѓани од трите градови кои го делат и заеднички го чуваат езерото.

Да го прославиме заедно езерото кое нè поврзува, нè инспирира и нè обврзува да го чуваме за идните генерации, потенцираат од Општинa Струга.

OhridNews