За погодените подрачја од земјотресот во Турција и Сирија во овој момент е потребна само финансиска помош за што е и отворена жиро сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ, вели претседателот на ОО Црвен крст Охрид, Сашо Точков. Во овој момент не е потребно и не се препорачува собирање на друг вид донација додава тој.

Сите хумани граѓани може да донираат финансиски средства. Се друго во овој момент не е потребно. Од собирни пунктови, најразлични средства, храна, ќебиња итн. Апелираме до граѓаните својата солидарност да ја искажат само на начин преку уплата на финансиски средства или на бројот 143 400 на Македонски Телеком и А1 на кој може да донираат 100 денари преку повик или преку уплата на жиро сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. Тоа е тоа што е во моментов потребно, вели Точков.

Истакнува дека ја следат состојбата и се во постојана комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина и, доколку има потреба од друг вид помош, ќе бидат извесетени и секако ќе се организираат и ќе испратат.

Сите донации во друга форма во смилса на облека, ќебиња, храна… е многу комплицирано, непотребно и нефункционално да се испраќаат преку земја на ЕУ, во случајов Бугарија или Грција, бидејќи бара многу процедури и големи финансиски средства. Само еден камион да испратите со опрема е седум илјади евра. Тие средства може да се уплатат дирекно на сметката како финансиска помош. Тоа се механизми со кои делува Црвениот крст, потенцира Точков.

Додава дека за само 24 часа колку што е отворена сметката на Фондот за солидарност се собрани преку 10 милиони денари.

Апел координирано и целисходно да се организира помошта за погодените од земјотресите во Турција и Сирија, денеска упати и републчичкиот Црвен крст, од каде, исто така, повторија дека во моментов најдобар и најефикасен начин да се помогне е преку донација на средства на посочените хуманитарни телефонски броеви и жиро сметки.

Н.С.Ј.