Црвен крст Охрид се приклучува на кампањата на Обединетите нации и под мотото „Застапување за здраво и инклузивно стареење“ го одбележува 1-ви Октомври, Меѓународниот ден на стари лица.
Како огранизација спроведуваат најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот и даваат придонес и активно се вклучуваат во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.
Со гордост истакнуваме дека во оваа јубилејна година за Црвен крст Охрид го одбележуваме и 10 годишниот јубилеј на програмата за грижа за стари лица „НАЈДИ ВРЕМЕ“, додаваат.
Според податоците на Обединетите нации, велат, Република Северна Македонија ќе доживее брз процес на стареење на населението во следните децении.
Најновите податоци од пописот во 2021 година, на Државниот Завод за статистика покажуваат декавкупниот број на население над 65 години во Р.С. Македонија е 315.331 жител, додека бројот на новородени се намалува. Во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население е зголемено од 13.1% на 18%. Постарата популација претставува речиси една четвртина од населението и овој тренд, дефиниран како стареење на популацијата, наметнува низа здравствени, социјални и економски предизвици, што пак имплицира зголемена потреба, пред се, од здравствени и социјални сервиси,истакнуваат од Црвен крст Охрид.
Додаваат дека бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари, ширум светот се предвидува да се зголеми повеќе од двојно, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година.
Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо, потенцијарјќи дека, жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица.
OhridNews