Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвен крст Охрид, по повод по повод Денот на крводарителството.
Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, со организирањето на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која континуирано, посветено и совесно ја спроведуваме во текот на секоја година, потенцираат од Црвен крст Охрид.
Честитајќи им го 17-ти март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст, изразуваат благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца.
Денеска, со почеток во 13 часот во просториите на Црвен крст Охрид ќе се одржи пригодна свеченост на која ќе бидат доделени признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2022 година.
Од Црвен крст Охрид испраќаат и благодарност до медиумите за придонесот во унапредувањето и развојот на крводарителството во РМ.
OhridNews