Врз основа на верификација на посебна програма на Центарот за образование на возрасни и решението од страна Министерството за образование и наука на РСМ, за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид распишува конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Сите заинтересирани лица од општините Охриди и Дебрца кои сакат да ја следат обуката и се стекнат со верификуван сертификат за негувател/ка на стари лица и лица со попречености можат да се пријават на овој конкурс кој ќе трае во периодот од 19.04. до 05.05.2023 година, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да се државјани на Република Северна Македонија;
– Да се полнолетни;
– Да имаат завршено минимум средно образование;
– Да се со општа психо-физичка и здравствена способност за работа;
– Да бидат мотивирани да нудат помош и нега на стари лица и лица со попреченост;
– Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Центарот за нега при Црвен крст Охрид

Потребни документи:
– Уверение за државјанство на РСМ
– Документ за лична идентификација (лична карта, пасош)
– Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со признат високообразовен сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. По успешно завршената обука кандидатите ќе имаат можност да бидат ангажирани како негуватели во Нега Центарот на Црвен крст Охрид, потенцираат од општинската организација.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават и искажат интерес на телефоните: 046 261 909 и 070 315 309 или на е-маил: [email protected], а потребните документи треба да ги достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, најдоцна до 05.05.2023 до 15 ч. Од Црвен крст Охрид информираат дека секој уредно пријавен кандидат ќе биде повикан на интервју.

OhridNews