Црвен крст Охрид ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности
26.09.25 10:09
Tрадиционално и оваа година Црвен крст Охрид ќе ја одбележи Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ).
Настанот ќе се одржи денес во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 14 часот, а на истиот ќе бидат презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери, со цел промовирање на солидарноста, хуманоста и активната вклученост во заедницата.
Како знак на признание и благодарност, ќе бидат доделени благодарници на сите младинци и донатори кои активно учествуваа и придонесоа во изработката и реализацијата на овие значајни проекти, велат од Црвен крст Охрид.
По кратко боледување во 63-та година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис Илоски е роден на 23 јануари 1963 година Долги години успешно се зан...
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски С...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...