По кратко боледување во 63-та година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис.

Илоски е роден на 23 јануари 1963 година. Долги години успешно се занимаваше со градежништво каде беше познат по неговата фирма „Ремис“.

Подеднакво успешен беше и во туризмот каде семејниот бизнис на Илоски опфаќа хотели и угостителски објекти, меѓу кои и познатиот комплекс „Инекс“.

Бошко Илоски ќе биде погребан на градските гробишта во Охрид на 24 ноември, вторник, во 12:30 часот.

OhridNews