По повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија, Црвен крст Охрид традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати.

Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања. Крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е 1 март 2024 година. Признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март, велат од Црвен крст.
Воедно изразуваат огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца.
OhridNews










