Во рамки на одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 8 степени, велат од Црвен крст Охрид.
За настанот на осветувањето на водата во Охридското Езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2026 (понеделник), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот.
Ќе има 5 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, 3 нуркачки тимови, како и со 5 медицински тимови за укажување прва помош со 2 амбулантски возила, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило, посочуваат.
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2026 (понеделник) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, додаваат од Црвен крст Охрид.
OhridNews











