Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење, велат од Црвениот крст на РСМ.

Посочуваат дека активно спроведуваат активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжат со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна.

Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците од оваа состојба. Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да придонесеме во обезбедувањето помош за настраданите семејства.Ве повикуваме да делуваме заедно, потенцираат.

Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ:

300000001327966, Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во Гостивар.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

OhridNews