По повод 1 Декември – Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА, и во рамките на одбележувањето на тематската недела, волонтерите од Клубот на млади делеа црвени панделки низ кафулињата и јавните простори во Охрид. Панделките, како симбол на поддршка, имаат цел да ја подигнат јавната свест за ХИВ/СИДА и важноста од превенција и информираност.

Таа го насочува вниманието кон значењето на навременото тестирање, пристапот до лекување и намалувањето на стигмата и дискриминацијата.
Целта на Неделата за борба против ХИВ/СИДА е да се подигне свеста за ризиците од ширење на вирусот, да се поттикне редовно тестирање, како и да се обезбеди поддршка и подобар квалитет на живот за лицата кои го носат вирусот. Најважен чекор останува раното откривање и навремената едукација, посочуваат од Црвен крст Охрид.
OhridNews






















