Од фирмата „Мактек Дооел“ известуват дека денес на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба, „стационажа“ – 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12:00 до 16:00 часот за потребите на „Гранит“ АД – Кичево.
Од Центарот за управување со кризи информираат и дека од денеска до 02.05.2025 стручниот тим на „Мактек Дооел“ ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје –„БЕХТЕЛ И ЕНКА УК 2 ЛИМИТЕД – Обединето Кралство“ на локалитетот: С.Бањица (км 7+200 до 9+721 км), Автопат Коридор 8 и 10 , Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа Струга – Ќафасан.
OhridNews