Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата по врнежите на територијата на државава заклучно со 8 часот изутринава информира дека на реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање.

Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации, посочуваат.

Додаваат дека во Струга во с. Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини.

Процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување на пропуст за истек на водата. Во с.Калишта има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението, потенцираат од ЦУК.

OhridNews

фото. Архива