Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско поради излевања на реки се делува со механизација, информираат утринава од Центарот за управување со кризи.
Во Охрид, одржан е состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, со одлука да се стават на располагање сите човечки и материјални ресурси. Населбата Далјан е поплавена поради излевање на реката Далјан. Екипи со тешка механизација ја пренасочуваат водата кон езерото, а со пумпи се врши испумпување од подруми, дворови и деловни простории. Преку бројот 112 се примени поголем број пријави од оваа локација, посочуваат од ЦУК.
Проблеми, велат, се евидентирани и на Коселска река кај с. Ливоишта, каде надојдената вода го подјадува патот кај мостот кон с. Вапила за што надлежните институции се известени.
OhridNews















