До 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти во Охридскиот регион, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Надлежните од Кризниот штаб Охрид беа на терен ги проверија критичните точки на реката Далјан кај село Орман и Дебело поле. Има излевање на реката Сушица во делот на ул. „Прилепска“, испратена е екипа од ЈП Нискоградба со механизација да го запрат излевањето. Ако продолжат врнежите има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила, посочуваат од ЦУК.
Информираат дека во Струга има пријава за поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат.
Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има канали за излевање на водите од Струшкото поле. Известени се надлежните служби од Општина Струга, ТППЕ-Струга, РЦУК-Струга и ДЗС-Струга. Екипа на ТППЕ-Струга се на терен и со пумпи за испумпување на поплавените дворови.
Додаваат дека и на патот Дебар -Струга има одрони, известени се службите на Македонија Пат -Дебар кои се на терен и го одржуваат патот.
OhridNews












