Состојбата на територијата на Општина Охрид е стабилна и нема прелевање на реките, кои се вратени во своите корита, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно добиените информации од Регионалниот центар.

Преостанати се само мал број поплавени подрумски простории каде се врши испумпување на водата, посочуваат.

По обилните врнежи од дожд погодени беа делови од Охрид од излевање на реките поради што беа поплавени повеќе подруми, гаражи, дворови, земјоделски површини во населбата Далјан, Орман, Горно Лакочереј.

Одржан беше состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид и на располагање беа ставени сите човечки и материјални ресурси. Во населбата Далјан екипи беа ангажирани за пренасочување на водата кон езерото, како и за испумпување од подрумите, дворовите и деловните простории.

OhridNews