Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.

Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали, информираат од Центарот за управување со кризи.

И наши сограѓани реагира до нашата редакција за поплавени локации на улицата „Железничка“, а проблем имаа и жителите на улицата „Прилепска“.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре и во деновите од викендов повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

OhridNews